НЛБ Банка најави продолжување на тековната промотивна кампања за сите кредити за физички лица до крај на годината односно до 31.12.2020 година.
Во рамките на промотивната кампања кредитите ќе се нудат по поповолни услови, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.
„Земањето кредит претставува голема одлука за нашите клиенти, посебно во актуелните услови. Преку олеснителните услови за аплицирање, веруваме дека ваквата поддршка ќе ги охрабри нашите клиенти и ќе ги поттикне токму сега да ги остварат личните и семејни планови“ – изјавија од Банката.
Оваа година НЛБ Банка го прославува и својот 35 годишен јубилеј, па по тој повод НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им остава простор на подолг рок да го планираат семејниот буџет и да обезбедат стабилни месечни трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.
Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.