Времето денеска претпладне беше сончево со умерена облачност, додека во попладневните часови се очекува облачноста да се зголемува. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степенa.
Времето во Скопје ќе биде умерено, а попладне значително облачно. Температурата ќе се движи до 18 степен.
Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со
услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а утре вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде без поголеми промени, а од четврток ќе се намали за неколку степени.