Продолжуваат напорите за спасување можни преживеани од осум згради што се урнаа во земјотресот во западниот турски град Измир, соопштија локалните власти.
Бројот на жртвите од силниот земјотрес што се случи во петокот во егејскиот регион се искачи на 81.
Турските власти соопштија дека загинале 79 лица, сите во Измир, додека двајца тинејџери загинаа на грчкиот остров Самос.
Турската служба за катастрофи и итни случаи (АФАД) соопшти дека се обезбедени 3.500 шатори и 13.000 легла за привремено засолниште.
АФАД исти така информира дека во земјотрерсот се повредени 962 лица, од кои 740 веќе се пуштени од болница.