Немањето Уставен суд и политичката поларизација ја држат Албанија подалеку од првата меѓувладина конференција на која ќе се одлучува за судбината на преговорите за интеграција.
Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, во обраќањето на отворањето на школата за европска интеграција 2020 ги повика страните во земјата да ги исполнат овие два услова.
-Мислам дека Албанија е многу блиску до интеграција во ЕУ, иако има уште нешто да се направи. Советот за назначувања во правосудството треба да ја забрза својата работа, а потоа претседателот и парламентот да ги пополнат двете испразнети места што се уште не се пополнети во Уставниот суд. Убеден сум дека Уставниот сум може да биде функционален на крајот на оваа година, рече Сореца.
Порача дека сите политички партии мора да инвестираат во градењето на потребниот политички консензус и нагласи дека интеграцијата во ЕУ е она што го сакаат повеќе од 90 отсто од албанскиот народ.
За разлика од евроамбасадорот, владејачките социјалисти, сметаат дека Албанија ги исполнила бараните услови за да се оди на првата меѓувладина конференција. Дури, како што се случуваше претходно, социјалистите сметаат дека одлуката на скептичните земји доаѓа поради нивните внатрешни проблеми.