Додека здравствените инситуции, стручната јавност, граѓаните водат беспоштедна борба против коронавирусот, Христијан Мицкоски си ја гледа само фотелјата во белиот дворец.
Додека цела Европа, исто како и нашата земја е под сериозна закана од КОВИД 19 Мицкоски зборува за оставки, зборува за некакви нови паралелни комисии за заразни болести и се однесува опасно по јавното здравје.
Зборува за мерки и задолженија кои тој прв ги прекршува, зборува за инвестиции во здравството а токму негов кадар во преодната Влада кочеше 33 милиони евра пари за опремување на здравствени установи. Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе имавме 16 опремени ковид болници.
Мицкоски е наводно загрижен за здравјето, а членот на неговиот Извршен Комитет Вело Марковски јавно зборува дека вирусот не е опасен и внесува заблуди во јавноста.
Ете тоа е Мицкоски, неодговорен, незрел и нечесен политичар опасен по јавното здравје на граѓаните и затоа нека не се чуди зошто е таму каде што е, осамен и изолиран во длабока опозиција каде уште долго ќе остане.