Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа, по тестирање на 2.805 примероци, регистрирани се 1.455 нови случаи на коронавирусот. Тој број е двојно поголем од вчера кога имаше 764 нови случаи.
Во Федерацијата направени биле 1.551 примероци, од кои 809 позитивни. Пријавени се нови 19 смртни случаи, со што вкупниот број изнесува 841.
До сега вкупно се тестирани 210.432 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 33.747 лица.
Излечени се 20.318 пациенти, а активни 12.588.
Во Република Српска тестирани се 1.254 примероци, а вирусот е потврден кај 646 лица.
Пријавени се 16 смртни случаи.
За Брчко се уште нема резултати.