Трагедија му се случила на семејство од Мисури бидејќи 13-годишното момче Пејтон Баумгарт починало како резултат на коронавирусот во текот на викендот, објавија локални медиуми.
Пејтон бил ученик во осмо одделение и одел на училиште до 22 октомври. Тој е првиот малолетник што починал од Ковид-19 во оваа американска држава.
Стефани Франек, неговата мајка, за „Њуз 4“ изјавила дека Пејтон бил тестиран на 26 октомври бидејќи постоеле сомнежи дека има корона поради симптомите што ги манифестира.
Таа рекла дека син ѝ не боледувал од друга болест, но дека неговата состојба одеднаш се влошила.
„Воопшто не му беше подобро, состојбата се влошуваше, му требаше медицинска помош“, изјавила Стефани Франек.
Момчето било примено во детската болница „Кардинал Гленон“ во четвртокот, а починало во саботата.
Според Министерството за здравство во Мисури, пет лица на возраст меѓу 18 и 24 години починале од Ковид-19 од почетокот на пандемијата.
Мисури има околу 16 милиони жители, а досега во таа држава биле заразени 16.915 лица на возраст под 18 години.