Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, објави премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.
„Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање“, соопшти тој.
Како што објасни Заев, ова решение е во интерес на граѓаните бидејќи тој ден треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин, ден за семејството и ден за себе.