Манчестер сити ќе се обиде да ја искористи кризата во Барселона за да го ангажира Меси

Според пишувањата на Телеграф,  англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити во јануари ќе му понуди пред-договор на еден од најдобрите играчи на денешницата Аргентинецот Лионел Меси од редовите на Барселона. „Граѓаните“ сакаат да ја искористат финасиската криза на „Камп Ноу“ за да го доведат во своите редови Аргентинецот.

Меси беше подготвен во летниот преоден рок поради превирањата во клубот, каде во меѓувреме се случи и заминување на првиот човек Жозеп Мариа Бартомеу, да се пресели во Манчестер. Барселона не сакаше да се раздели со својот капитен, па на крајот од следната сезона тој ќе може без отштета да замине од „Камп Ноу“ бидејќи му завршува догворот.

Барселона ќе добие нов претседател кој се надева дека ќе го убеди Меси да остане, но во моментов не е одреден датум за избори. Па Манчестер сити сака да ја искористи кризата кај шпанскиот гигант и на почетокот од идната година во втор обид да го обезбеди неговиот потпис.

Според правилата на ФИФА, фудбалерите кои ја одработуваат последната година од договорот, од јануари слободно можат да потпишат пред-договор за друг клуб и за беспари да направат трансфер шест месеци подоцна.

Треба да знаете
Последни објави