Нема веќе слободни кревети во Брисел, пациентите се испраќаат во други држави

Болниците во Брисел веќе немаат слободни кревети за интензивна нега на пациенти со коронавирус.Останатите 100 слободни места на национално ниво ќе бидат пополнети во следните неколку дена, предупредуваат белгиските здравствени власти.

Со над 600 нови хоспитализации дневно и вкупно 6.823 пациенти на болничко лекување, од кои над 1.300 на интензивна нега, Белгија неделава го надмина врвот на првиот бран на пандемијата, кога станува збор за исполнетост на болничките капацитети. Единиците за интензивна нега во Брисел достигнаа максимум, а новите пациенти се префрлени во други болници низ земјата и во странство.

Здравствениот инспекторат предупредува дека во неделата, на 1 ноември, сè уште биле достапни само 106 од 2.000 места на интензивна нега во Белгија.Во исто време, за време на викендот, беше интензивиран трансферот на пациенти со коронавирус од белгиски во германски болници.

Треба да знаете
Последни објави