Тетовската полиција привела 63 годишник од градот, осуден за кривично делото „неплаќање на парична казна” за да издржи затворска казна. Тој бил приведен во текот на вчерашниот ден поради судска наредба.
-Станува збор за лице кои извршило кривично дело и добило парична казна. Бидејќи немал платено и немало друг начин за присилна наплата сега казната се менува со затворски денови, појаснуваат од СВР Тетово.
Осудениот Н.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казната.