Нападите врз невини луѓе мора да престанат нагласи американскиот претседател Доналд Трамп, по повод нападот во Виена.
Тој на Твитер објави дека САД, заедно со Австрија, Франција и цела Европа, се во борба против терористите, вклучително и радикалните исламски терористи.
– Нашите молитви се со граѓаните на Виена по уште еден грозоморен терористички акт во Европа. Овие напади на злото против невини луѓе мора да престанат. САД, заедно со Австрија, Франција и цела Европа, се борат против терористите, вклучително и радикалните исламски терористи, напиша Трамп. ј