Убиецот од Виена е Кујтим Фејзулаи по потекло од Челопек

Кујтим Фејзулаи со потекло од Македонија e терористот и симпатизер на ИСИС, кој вчера уби четворица цивили и рани 17 лица во нападот во Виена, потврди австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер. Терористот бил убиен по престрелката со полицијата.

Фејзулаи (20) е роден во Австрија, но неговите родители се од тетовски Челопек.

Од МВР информираат дека австриската полиција преку Европол доставила барање за соработка и информации околу нападот во Виена.

-Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува, велат од МВР.

Фејзулаи претходно бил осуден на 22 месеци затвор во април 2019 година заради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламска држава. Бил предвремено ослободен во декември според законот за малолетници. До сега полицијата во Виена изврши 15 претреси во куќи, и неколку лица се уапсени, пренесува АП.
Напаѓачот бил опремен со лажен експлозивен елек и автоматска пушка, пиштол и мачета.

Треба да знаете
Последни објави