Британија го подигна нивото за опасност од тероризам – напади се многу веројатни

Нивото на закана од тероризам во Велика Британија ќе се зголеми од „значајно“ на „сериозно“.

Тоа би значело дека потенцијални напади се многу веројатни, пренесува „Скај Њуз“.

Одлуката за подигнување на нивото на закана во Велика Британија ја донесе Заедничкиот центар за анализа на тероризам, кој се состои од експерти за борба против тероризам од полицијата, владините и безбедносните агенции.

Ова се случува по синоќешниот напад во центарот на Виена, кога беа убиени четири лица. Претходно, минатата недела и во Ница се случи напад, во кој три лица го загубија животот.

Претходно се случи уште еден напад во Франција кога во Париз беше обезглавен учителот Самуел Пати.

Алармот за опасност од тероризам беше спуштен на ниво на „значителна опасност“ во ноември минатата година. Претходно, тој беше на „сериозно“ ниво пет години, пишува „Скај Њуз“.

„Сериозното“ е второ највисоко ниво. Над него е „критичното“ до кое се стигна во мај 2017 година по бомбашкиот напад во арена во Манчестер.

Треба да знаете
Последни објави