Бројот на заразени во домот за стари лица во Битола се зголеми на 23 лица

Бројката на позитивни случаи со Ковид-19 во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, се зголеми на 23 откако со новите тестирања уште 11 се покажаа како позитивни, а шест негативни.Сите 23 се штитеници во установата.

-Од  17 земени брисеви има 11 позитивни, 6 негативни, денес се земени уште 13 брисеви од пациенти и 7 од вработени кои имаат лесни симптоми и лесна клиничка слика, за среќа сите се со лесна клиничка слика имаат само покачена температура, болки во мускулите и зглобовите, засега состојбата е стабилна, вели д-р Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола, пренесува ТВ Тера.

Во оваа установа се сместени тешко болни и неподвижни лица. Од почетокот на ковид пандемијата посетите се забранети и за семејствата и за сите надворешни лица лица. Не е познато како влегол вирусот.

-Засега само 7 од вработените се со лесна симптоматологија, земени се брисеви и неколку денови се во домашна изолација додека ги чекаат резултатите. Со оглед на тоа што се лежечки пациенти кои не излегуваат и посети се забранети, најверојатно од некој од персоналот, истакна д-р Крстева.

Треба да знаете
Последни објави