(Видео) Најмалку 4 загинати во терористичкиот напад во Виена, убиен е еден терорист

Најмалку четири лица – двајца мажи и две жени беа убиени во истовремени терористички напади синоќа во центарот на Виена на шест различни локации, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.

Австрија помина непроспиена ноќ, а жителите беа заклучени во своите куќи додека траеше потрагата по терористи.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Неамер на утринската прес-конференција презентираше нови информации за нападот, информирајќи дека станува збор за тероризам.

Рече дека околу 15 лица се повредени, некои од нив се со исклучително сериозни повреди и се наоѓаат во болници.

Еден од напаѓачите е убиен во акцијата на полицијата и армијата. Министерот Немер објасни дека напаѓачот бил симпатизер на Исламската држава и дека бил извршен претрес во неговата куќа и по тој повод бил одземен видео материјал.

https://twitter.com/Noorattaar/status/1323394982611439621

Портпаролот на полицијата Харалд Серес рече дека полицијата претпоставува дека имало најмногу четири напаѓачи, но тој посочи дека истрагата е во тек.

Се анализираат добиените видео материјали, како и изјавите на сведоците.

https://twitter.com/lookathetruth/status/1323369776471805953

Напаѓачот кого го убила полицијата имал автоматска пушка, пиштол и мачета со себе.

Треба да знаете
Последни објави