Во Париз повторно се воведува полициски час

Француската влада повторно ќе воведе полициски час во Париз, а можеби и за провинцијата Ил-де-Франс, за да се справи со растечкиот број на новоинфицирани со Ковид-19, изјави портпаролот на француската влада, Габриел Атал.

Полицискиот час ќе започне во 21 часот, а ќе се воведе во време на ново затворање на земјата.

„Го враќаме полицискиот час во Париз, а можеби и во провинцијата Ил-де-Франс. Министерството за внатрешни работи ќе ги утврди деталите подоцна во текот на денот и ќе издаде одредба“, рече Атал, пренесува „Ројтерс“.

Франција во понеделникот забележа рекордни 52.518 нови случаи на Ковид-19 и дополнителни 416 смртни случаи. Бројот на хоспитализирани се зголеми за повеќе од 1000.

Министерот за здравство Оливие Веран за радиото РТЛ изјави дека на секои 30 секунди еден парижанец е заразен со коронавирус, додека на секои 15 минути едно лице завршува во болница поради потешки симптоми.

Треба да знаете
Последни објави