Хрватскиот кризен штаб објави дека во последните 24 часа се евидентирани 1.427 нови случаи на инфекција со коронавирусот.Со тоа бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 14.079.
Меѓу нив, 1.191 пациент е во болница, од кои 112 се на апарати за дишење. Во Загреб утрово се пријавени помал број на новоинфицирани, во споредба со претходните денови – нешто повеќе од 200.