Граѓаните на Катар ќе избираат 30 од 45 членови на Парламентот

Катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад Ал Тани најави денеска дека следната година во земјата ќе се одржат избори за највисокото законодавно тело, што е долгоочекуван чекор кој има за цел да им даде на граѓаните поголеми можности во управувањето на емиратот.

Во говорот пред Парламентот, познат како Совет на Шура, шеикот Ал Тани истакна дека првото гласање ќе се одржи во октомври 2021 година. Тој тоа го опиша како важен чекор во развивањето на законодавниот процес со широко учество на граѓаните.

Изборите ќе им овозможат на граѓаните на Катар да изберат 30 од 45 членови на Советот, кои сега ги избира владетелот на Катар.

Советот нема суштинска законодавна власт, но го советува емирот за новите закони и политиката.

Треба да знаете
Последни објави