Двајца турски ММА борци со привремен престој во Виена станаа херои бидејќи спасиле и помогнале на една постара жена и ранет полицаец за време на ужасниот терористички напад во главниот град на Австрија.
Микаил Озен и Реџеп Гултекин се појавуваат во вирално видео снимено во понеделникот вечерта. На снимката се слуша како Озен вика „Скриј се!“ на турски јазик, по што и двајцата се засолнуваат зад влез во метро станица. За време на лудиот нападот Гултекин беше ранет во ногата, но за среќа повредите не се посериозни.
-Старицата одеше кон местото на настанот, пеш. Кога ја видовме жената, застанавме и се спуштивме долу. Ја однесовме и жената на безбедно, изјави Озен за турската медиумска куќа Хуријет, додавајќи:
– Тогаш стигнавме до метро-станицата. Ги видов полицајците како пукаат и трчаат кон напаѓачот. Станувало збор за еден напаѓач и тројца полицајци. Еден од нив е ранет, рече Озен.
Според него, во еден момент за време на инцидентот напаѓачот, денсека идентификуван како Кујтим Фејзулаи по потекло од Македонија, бил оддалечен од нив само пет до шест метри. Потоа отишле во полициската станица каде откриле се што знаеле за напаѓачот.
– Носеше бел чаршав со оружје со долга цевка, рече Озен.
Иако претходно во текот на ноќта се шпекулираше дека барем еден од напаѓачите зборува турски за време на пукањето, денсека е јасно дека тоа бил Озен кој се појавува во видеото.
Корисниците на социјалните мрежи денес ги слават овие двајца мажи затоа што ги ризикуваа своите животи за да им помагаат на другите.
We just spoke to Mikail Ozen, whose voice can be heard in Turkish in this video and who has helped an injured police officer.
He says one of his friends has been injured too, while he and another friend are in healthy condition. https://t.co/VO5MC1JsVL
— Sibel Karkuş (@KarkusSibel) November 2, 2020