Дефокус на јавноста со ПР пародии на Филипче нема да го прикрие лошото менаџирање со кризата на кадрите на Заев

Власта на Зоран Заев го доведе здравствениот систем во Македонија на дното.

Здравствениот систем крахира а Владата на Заев во изминатите четири години не вложи ништо за инвестиции во здравството.

Додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ набави 140 болнички возила, Владата на Заев во изминатите години набави само 12 амбулантни возила. Венко Филипче е одговорен за хаосот во здравството бидејќи имаше девет месеци да го припреми здравствениот систем, а тој водеше политички кампањи. Власта да се грижеше за граѓаните немаше да ги намали за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство.

Срамно,  ниско и неодговорно е тоа што Филипче наместо да спасува животи си објавува пародии и видеа со папагали. Додека имаме над 1000 мртви во Македонија, Филипче си прави пародии и ја дефокусира јавноста со цел да ја прикрие неговата неспособност.

Време е Венко Филипче да се врати во реалноста. За неодговорниот Филипче има 1000 причини за оставка.  Факт е дека по било која стапка на споредба сме најлоши. 19-то место во светот поради смртност, а убедливо први во регионот.

Системот е комплетно нефункционален. Владата на Заев и Венко Филипче е неспособна за менаџирање на кризата.

Владата на Заев и Филипче е глува на советите и мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ, но и од експертската јавност. Се прават слепи на хаосот во здравството кој настана поради нивното лошо менаџирање. Граѓаните чекаат со денови за корона тест, многу лица со акутни, хронични и тешки болести не добиваат нега и заштита, а болниците за основните потреби бараат донации.

 

Треба да знаете
Последни објави