21-годишниот Н.В. со потекло од Велешта, струшко, вчеравечер е убиен во терористичкиот напад кој се случи во центарот на Виена, објави ТВ21.
Според членовите на семејството, во моментот тој бил излезен во кафуле каде бил со пријателите.
Како што веќе потврдија и тамошните власти, во Виена синоќа загина уште едно лице по потекло од Северна Македонија, но, тој беше еден од напаѓачите и беше застрелан од полицијата.