Имам чувство како да сум под вода: Пејачот Васил Гарванлиев позитивен на коронавирус

За пејачот Васил Гарванлиев, вчерашниот 36 роденден беше најнеобичен досега. Васил е позитивен на коронавирус, и наместо да организира забава за најблиските, тој роденденот го прослави сам, во домашна изолација, во Струмица.

„Славам коронски роденден со Корона торта. Мајка ми ме изненади, таа ја порача тортата. Јас сум изолиран на третиот кат од куќата, а семејството ми ја испеа роденденската песна од долу. Ги гледав од тераса, а потоа ми ја оставија тортата пред врата“, и раскажа Васил додавајќи дека е среќен што мајка му му е голема поддршка, и токму поради неа најмногу внимавал на мерките.

„Искрено, не знам од каде сум можел да се заразам, затоа што многу внимавам, особено овде во Струмица. Внимавам поради сите нас, а најмногу поради мајка ми, која има проблеми со срцето. Велам, не знам како се заразив, но едно знам- моментот кога почувствував дека нешто нешто чудно се случува. Сè почна од носот, чудна топлина, како да сум бил под вода и како да сум голтнал премногу вода. Следниот ден изгубив чувство за мисис. Мислев дека е обична настинка па почекав да се тестирам, но веднаш откако ги добив симптомите, јас сум во изолација“, вели Гавранлиев…

Преземено од Женски магазин

Треба да знаете
Последни објави