Како да не гледаат сите во нив? Славниот пар во центар на внимание поради „немирната“ прошетка

Невозможно било да не се воочат, поради немирните миленичиња, поради „непристојната“ гардероба…

Популарниот пар Шон Мендез и Камила Кабело, бил фотографиран во текот на нивната прошетка низ Мајами, каде што многумина веднаш ги забележале, и тоа во друштво на нивните миленици.

Познато е дека Камила отсекогаш била во центарот на вниманието поради, некогаш ексцентричниот стил на облекување, што сега не е случај.

Додека Камила го бркала своето куче кое што ѝ побегнало, паднала со него во тревата за да го фати, па во тој момент открила премногу.

Таа носела невообичаен портокалов комплет – кратка топ маичка и панталони со голем шлиц, а папараците веднаш го „уловиле“ тој момент додека „сè паѓало од неа“.

За разлика од неа, Шон, мирно го шетал своето милениче облечен во лежерно издание.

Инаку, тие двајца се во врска од минатата година, а странските медиуми пишуваат декасе вљубиле многу порано од влегувањето во врска, само што тоа го криеле од јавноста.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави