Во САД, претседателскиот мандат е четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, т.е. управува со извршната власт, која патем вработува околу четири милиони луѓе. Работа на претседателот е да ги спроведува законите донесени од Конгресот. Покрај тоа, може да прими странски амбасадори и со тоа да ги признае државите.
Трите власти – законодавната, извршната и судската власт – се поделени и меѓусебно контролирани. Претседателот има право да помилува осудени и да номинира федерални судии, министри во кабинетот и американски амбасадори – но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавниот дом ги контролира постапките на извршната власт.
Американскиот претседател е должен редовно да го известува Конгресот за состојбата во земјата. Тој тоа го прави во својот годишен говор „За состојбата на нацијата”. Претседателот нема право за предлог-закони во Конгресот, но може да ги наведе своите приоритети за време на говорот. Ова значи дека тој има алатка да изврши притисок врз Конгресот – и тоа јавно. Но, ништо повеќе од тоа.
Претседателот може да одбие да потпише закон што му го испратил Конгресот за одобрување. Во тој случај, тој става вето на тоа. Конгресот на САД може да го надмине претседателското вето со само 2/3 мнозинство во двата дома. Во историјата на САД има 1.500 познати случаи на вето наметнато од претседателот. Од нив, само 111 се прегласани успешно, што изнесува нешто повеќе од седум отсто.
Американскиот устав и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна идеја за тоа каква вистинска моќ има претседателот. Бидејќи тој има право на друг вид на вето, познато како „џебно вето”: тој може „да стави предлог-закон во џеб” и да го направи неважечки, без Конгресот да може да го изгласа повторно. Досега, овој трик е искористен речиси 1.000 пати.
Административните прописи издадени од него, т.н. „Извршните наредби” (Executive Оrders) имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека се му е дозволено: судовите можат да ги поништат, а Конгресот може да ги спречи со соодветни закони. Покрај тоа, новиот претседател може да ги укине одредбите на неговиот претходник.
Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои, сепак, мора да бидат донесени со мнозинство од 2/3 во Сенатот. Ова може да се избегне ако, наместо договор, претседателот склучи еден вид меѓувладин „Извршен договор” (Executive Agreemen) за кој не е потребно одобрување од Сенатот. Ваквите договори важат се додека Конгресот не ги оспори или суспендира со закон.
Претседателот е врховен командант на армијата на САД, но само Конгресот може да објави војна. Сепак, не е многу јасно до кој степен претседателот може еднострано да располага со армијата во вооружен конфликт. По војната во Виетнам, Конгресот го донесе следното правило: Претседателот може да ги остварува своите овластувања се додека Конгресот не ги оспори.
Доколку претседателот ги надмине или злоупотреби своите овластувања или изврши кривично дело, Претставничкиот дом може да покрене постапка за разрешување. Досега имаше два такви обиди – и двата беа неуспешни. Многу поефикасна алатка за блокирање на претседателските напори е да се запре финансирањето на одредени претседателски иницијативи по гласањето во Конгресот.