Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, вечерва објави дека напаѓачите во центарот на Виена пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата.

Тој истакна дека постои тесна соработка меѓу полицијата и градските власти и организации со цел да се пронајдат напаѓачите.

Градоначалникот информира дека еден од напаѓачите е убиен и дека се проверува неговиот идентитет, како и дека се проверуваат информациите дека носел појас со бомба.
Лудвиг рече дека меѓу убиените има и еден цивил и дека има 15 ранети.