Навратилова му порача на Ѓоковиќ дека прави поделби во тенисот

Поранешната најдобра тенисерка Мартина Навратилова го криткуваше актуелниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ, поради неговите постапки со формирање на независен синдикат. Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Навратилова смета дека српскиот ас направил грешка со тоа што одлучил да ја напушти заедницата на играчи и се посветил на формирање независен синдикат кој ќе се бори за правата на сите тенисери. Ваквиот потег на Ѓоковиќ според Навратилов е погрешен чекор.

-Тој мисли дека ја прави вистинската работа, но не се согласувам со него, тоа е сепак негов избор.  Кога сте најдобар во светот, потребна е енергија од вас, мора да се посветите на тој спорт. Треба понекогаш да се опуштите и гледате ТВ, да обработувате дрво или да плетете шалови. Но, да основате синдикат, тоа е сосема погрешно, тоа не помага никако, ниту во една ситуација. Тоа може да го правите кога ќе престанете да играте професионален тенис, но тоа сега е контроверзно и не помага. За време на пандемијата од коронавирусот, тој се обидува да не подели!, истакна Навратилова.

Треба да знаете
Последни објави