Намалено нивото на Вардар кај Велес за 30 сантиметри

За 30 сантиметри е намален водостојот на реката Вардар кај Велес во однос на вчерашниот ден, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

На останатите мерни станици не е забележана драстична промена на водостојот на Вардар. За четири сантиметри е само повисоко нивото на Вардар кај Демир Капија. Значителни промени не се забележани ниту кај останатите реки.

Кај езерата и понатаму се намалува водостојот на Преспанското Езеро, односно за 40 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. Мало зголемување е забележано кај нивото на Охридското Езеро.

Треба да знаете
Последни објави