Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед си поднел оставка која веднаш била прифатена од страна на Владата, дознава нашата редакција, пренесува центар.мк
Мемед, очигледно откако увидел дека борбата против корупцијата се засилува, е неселективна и важи за сите, откако на функцијата вицепремиер за борба против корупција е Љупчо Николовски решил сам да си поднесе оставка од функцијата.
Инаку, за Фирус Мемед се појавија написи со наводни докази дека бил осуден за четири кривични дела и истите наводно ги имал признаено. Кривичните дела кои ги сторил Мемед, според јавно достапните информации, наводно се примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание две кривични дела за Несовесно работење во службата.
На две владиници досега по негова иницјатива се разрешуваат директори, заради отворени сомневања за сторени незаконски дејствија, најчесто по допис од Државната комисија за спречување корупција што укажува на веќе воспоставена добра соработка помеѓу овие две институции која во иднина би резултирала со нови постапувања.
За помалку од 100 дена колку што ја извшрува функцијата, Николовски покажа дека полека но сигурно завршува времето на заштитени поедници во деловите на извршната власт, без разлика на нивните функции или партиска припадност.