.
Тренерот на холандскиот Ајакс, Ерик тен Хаг е зачуден како може дел од неговите фудбалери да не добијат дозвола да отпатуваат во Данска, на вечерашниот натпревар од 3. коло во групата од Лигата на шампионите против домашниот Митјиланд. Тие без проблеми можеа да играат во Холандија, но и останатите европски држави. Ајакс поради оваа чудна одлука отпатувал само со 16 фудбалери и голман од младинскиот тим холандскиот гигант. Во Данска не отпатувале голманите Андре Онана, Мартин Стекеленбург, Даниел Класен, Закарија Лабјад, Рајан Гравенберх и капитенот Душан Тадиќ. Тренерот Тен Хаг е збунет околу целата оваа чудна ситуација.
-Имаше играчи кои играат во Холандија, но не добија дозвола за влез во Данска. Не ги знам прописите, но тоа е навистина чудно. Тие немаат ни компликации, ниту симптоми, но последната одлука беше дека не треба да патуваат. Навистина е чудно, но живееме во чудно време, рече Тен Хаг, кој најголем проблем ќе има околу голманската позиција, затоа што вечерва ќе мора да брани чувар на мрежата од младинскиот состав.
По првите две кола Ајакс има само еден бод по ремито со Аталанта во Бергамо (2:2) и поразот дома од Ливерпул (0:1). Митјиланд е без бодови, откако во првите две кола загуби од Аталанта (4:0) и Ливерпул (2:0).