Црн рекорд во Унгарија, починаа уште 84 лица

Во Унгарија се поставени црни рекорди во последните 24 часа – 3.989 новозаболени од вирусот Ковид-19, додека 84 пациенти починаа, претежно постари и со хронични болести, беше објавено денес на владината веб-страница.

Постојат 63.940 активни случаи на коронавирус, од кои 4.767 се на болничко лекување, а 348 се на респираторни машини, пренесува МТИ.

Од почетокот на пандемијата, 86.769 лица се разболеле, а 1.973 лица починале.

Треба да знаете
Последни објави