Шахпаска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во многу проекти во кои фокусот е заштита и унапредување на правата на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката  помеѓу двете институции.

„Грижата за децата е приоритет на Министерството за труд и социјална политика и оттука мошне е значајна соработката со УНИЦЕФ како организација која ги заштитува правата на децата на светско ниво,“ истакна министерката Шахпака.

На средбата се разговараше за тековните проекти и предизвици кои ги донесе пандемијата на корона вирусот и промената во начинот на функционирање  на институционално ниво, но и воопшто како општество.

Министерката Шахпаска посочи дека соработката со УНИЦЕФ е од големо значење во насока на можностите  за примена на светските практики и воспоставување на највисоките стандарди со цел обезбедување на најдобриот интерес на детето.

Во пресрет на Светскиот ден на децата – 20 ноември  и јубилејот од 30 години од стапување на сила на Конвенцијта за правата на детето, на средбата се разговараше и за заедничкото  учество во одбележувањето  на овој ден во нашата држава.

Двете соговорнички изразија уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и во иднина.

 

Треба да знаете
Последни објави