Австриската полиција преку Европол доставила барање за соработка и информации околу нападот во Виена по наводите дека еден од напаѓачите е по потекло од Северна Македонија.
-Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува- велат од МВР.
Идентитетот на напаѓачот во Виена е потврден и тоа е Куртин С. чии родители се Албанци од Северна Македонија, објави уредникот на австрискиот портал „Фалтер“, Форијан Кленк, пренесува Ројтерс. Роден е во 2000 година во Виена и е еден од 90-те Австријци кои беа спречени да одат во Сирија во јули, објави Ројтерс.
Тој изјави дека младиот човек, кој уби четири лица и беше убиен од полицијата, бил познат на Контратерористичката служба (БВТ), бидејќи тој бил еден од 90-те австриски исламисти кои се обиделе да патуваат во Сирија.
Во јули, тврди Кленк, бил спречен да се обиде да замине на боиштата во Сирија.
„Сепак, властите не веруваа дека тој може да ипланира терористички напад“, додаде тој.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер утрово потврди дека убиениот терорист е симпатизер на Исламската држава, без да даде повеќе детали за неговиот идентитет.