Австриската полиција бара уште две лица со македонско државјанство кои му помагале на Фејзулаи

Австриската полиција бара инфорамции од македонските колеги за три лица кои се поврзуваат со терористичкиот напад во Виена. Освен за Кујтм Фејзулаи, 20 годишниот терорист кој беше убиен уште вчера вечер во Виена се бараат податоци и за Арџенд Ганији и Узеир Авдили од Скопје.

Проверките покажале дека се работи за лица кои исто како и Фејзулахи имале и австриско и македонско државјанство. Засега не е утврдено за што конкретно австриската полиција го анализира нивниот профил.

– Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај, велат од МВР.

Австриската полиција испратила листа со повеќе од 10 лица кои ги поврзува со терористичкиот напад во центарот на Виена. Освен за тројцата кои се со македонско и австриско државјанство, се бараат државјани и од Косово, Чеченија.

Треба да знаете
Последни објави