Белгија не го менува нивото на тревога и покрај нападот во Виена

По терористичкиот напад во Виена, белгиските власти сметаат дека атентат во Белгија е малку веројатен и не го менуваат националното ниво на тревога, јави дописничката на МИА од Брисел.

Нивото на тревога, или ризикот од терористички напад, го мери Органот за координација на анализа на заканата, познат како ОКАМ.

Белгија останува на второ ниво, од вкупно четири, односно среден ризик, како што беше и досега.

-Нема потреба да се ревидира нивото на закана затоа што нема ниеден конкретен елемент кој оди во таа насока, врз основа на информациите што ги има ОКАМ нивото два се задржува, соопштија властите.

Белгија беше погодена од два терористички атентати во март 2016.

Треба да знаете
Последни објави