БиХ поради коронависрусот не може да состави репрезентативен тим за дуелите со Германија и Австријас

Ракометната федерација на Босна и Херцеговина побара од ЕХФ да и бидат одложени двата квалиикациски натпревари за ЕП-2022, против Германија што треба да го одигра на 4 ноември во Дизелдорф и на 8 ноември со Австрија во Бугојно.

Причина е коронавирусот, поради кој босанскиот селектор Билал Шуман на собир имаше само 15 ракометари, а по вчерашнното тестирања уште двајца играчи добиле позитивни наоди и мораат да се повлечат во изолација. Затоа боснаската федерација побара одложување од ЕХФ, но од таму засега нема никаков одговор на нивнорто барање. Боснаската федерација очекува ЕХФ да ги извести дека го уважила нивното барање и средбите да бидат пренасочени да се одиграат во друг термин.

 

Треба да знаете
Последни објави