Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари средба со директорката на Фондацијата Фридрих Еберт, Ева Елерајт со која разговарале за можностите за соработка и промоција на позитивните вредности, одржливите политики и примери кои покажуваат развој на нови можности за идните генерации, соопшти Министерството за транспорт.
Бочварски ги презентирал проектитете што ги реализира Министерството за транспорт и врски во областа на транспортот, патната и железничката инфраструктура, каде, потенцираат, Министерството интензивно работи на регионалното поврзување заради подигнување на потенцијалот за економски развој.
-Фондацијата Фридрих Еберт е наш партнер во промовирање на прогресивни политики за одржлив развој и веруваме дека нашата идна соработка ќе даде голем придонес во ЕУ интеграциските процеси, но и во изградба на модерна европска инфраструктура која ќе овозможи безбеден сообраќај за сите граѓани, истакнал министерот Бочварски.