(Видео) Жителите на грчкиот остров Самос по серијата земјотреси не можат да се вратат во своите домови

Од петокот кога беше регистриран силен земјотрес кој го погоди регионот на Измир во Турција и грчкиот остров  Самос, евидентирани се повеќе од 100 последователни потреси во пошироката загрозена област. Вчера е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, објави порталот Екатимерини.

Околу 300 станбени згради на грчкиот остров Самос се прогласени привремено небезбедни за живот по разорниот земјотрес, а жителите на овој остров по серијата земјотреси не можат да се вратат назад во своите домови.

Професорот Ефтимијос Лекас, првиот човек на Организацијата за заштита од земјотрес, изјави дека земјотресите што следат ќе траат со недели, ако не и со месеци по главниот земјотрес.

Треба да знаете
Последни објави