По скандалот кој излезе во јавноста дека ја нападнал неговата девојката, селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Рајан Гигс одлучил да не го води државниот тим на претстојните натпреаври. Медиумите објавија дека легендата на Манчестер јунајтед физички ја нападнал неговата девојка, информации кои Гигс ги демантираше тврдејќи дека ништо не се случило.
Сепак, поради целиот случај тој одлучи привремено да се повлече од селекторската позиција на Велс и нема да ја води репрезентацијата во натпреварите против САД, Ирска и Финска кои се играат овој месец. Во зависност од тоа во кој правец ќе се развива ситуацијата Гигс ќе одлучи дали ќе се врати на позицијата.