Заев е проблемот на граѓаните и на Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на интервјуто на Зоран Заев за  магазинот „CorD“

 

„На Зоран Заев полна му е устата за некакви планови, за конкурентна македонска економија, за повисоки плати, за европеизација и за што уште не. Но, на сите веќе им е јасно дека од Заев речиси се е лага. Единствено нешто што е слика за Заев како прв човек на Владата е ковидизација.

Заев фрла само лаги и по некоја трошка на фирмите засегнати од корона кризата. Заев фрла само лаги за здарсвтвото и по некоја трошка за медицинските лица кои се на првата борбена линија против короната. Заев прави втор ребаланс на Буџетот, а планира само 8,2 проценти од расходната страна за мерки антикризни мерки.

Заев прави Буџет од 4 милијарди евра најголем до сега, а икој не знае каде одат парите. Заев во надворешната политика наместо решавање на отворените прашања, прави само проблеми за Македонија.  Заев е проблем на Македонија и на граѓаните!

 

Треба да знаете
Последни објави