Премиерот Зоран Заев денеска оствари комуникација со неговиот австриски колега Себастијан Курц во врска со терористичкиот напад што синоќа се случи во Виена, при што се убиени четири лица, а повредени се најмалку 17.
Од Владата за МИА информираа дека Курц изразил благодарност до Заев поради искажаната солидарност и поддршка.
-Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со теорористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба, велат од Владата.
Претходно од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека австриската полиција преку Европол доставила барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се постапува