Заев на Сител: Борбата против тероризмот е заедничка, проверуваме информации и во Скопје

„Ја следиме состојбата со последниот терористички напад во Виена. И ние тука мораме да проверуваме информации. И ние имавме некои осудени за тероризам во неколку судски процеси под името „Ќелија“, но дел од нив излегле од затвор и продолжиле со криминални активности. Тоа значи дека системот мора поинаку да се постави, системот за ресоцијализација. Никој во светот не имун на терористичките активности и затоа соработката мора да продолжи, информациите се разменуваат. Нам тие информации ни се од голема важност. Институциите функционираат, имаме АНБ, имаме Агенција за разузнавање, проверуваме информации.“- изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто на телевизија Сител.

Претходно низ денот Заев, но и претседателот Пендаровски искажаа јавно жалење за настанот до австриските власти.

Треба да знаете
Последни објави