Коронавирусот го одложи гостувањето на Берое кај ТФТ и Куманово во БИБЛ-лигата

Македонските кошаркарски претсавници во регионалната БИБЛ-лига, ТФТ и Куманово нема да ги одиграат натпреаварите со бугарскиот претставник Берое. Натпреварите беа закажани за утре и задутре, но раководството на регионалното натпреварување истите ги одложи поради големиот број на заразени кошаркари со коронавирусот во редовите на бугарскиот тим.

Екипата од Стара Загора на последните тестирања добила повеќе позитивни резултати за своите кошаркари поради што побарала натпреаврите да бидат одложени.

ТФТ требаше да ги одмери силите со Берое на 4 ноември (среда), а ден подоцна, на 5 ноември,  Куманово требаше да им биде домаќин на гостите од Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави