Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона е хоспитализиран во близина на Буенос Аирес. Аргентинецот кој пред неколку дена го прослави 60. роденден заврши во болница поради симптоми на депресија. Според пријателите неговата здравствена состојба засега не е сериона.
– Веќе една недела е многу тажен и ја одбива храната – изјавил близок пријател на Марадона за АП.
Во петокот Аргентинецот познат како „божја рака“ како роденденски подарок од тимот кој го предводи Химназија Ла Плата беше почестен со триумф над Патронато од 3:0. Меѓутоа добрата игра на неговите избраници и резултатот не го задржале Марадона да остана не клупата до крајот на средбата. Тој го напуштил стадионот пред крајот на првото полувреме, што предизвикало шпекулации дека неговата здравствена состојба не е добра.
Неговиот доктор Луке, демантираше дека Марадона е позитивен на коронавирус, но потврди дека неговиот пациент се изолирал во својот дом откако дознал дека член на неговото обезбедување е позитивен на ковид-19.
– Тој нема доволно енергија, неговиот роденден на одреден начин дополнително ја влоши неговата здравствена состојба. Сака да го рехидрирам во наредните три дена, да видам како ќе реагира, а потоа да му дадам соодветна терапија –изјави Луке.