Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона ќе остане во болница барем уште еден ден со дијагноза анемија и дехидрираност, изјавија лекари за локалните медиуми.
„Тој е подобар, но ние претпочитаме да остане уште еден ден во кревет”, изјави д-р Леополдо Луке за TyC Sports.
Капитенот на аргентинската репрезентација освојувач на Светското првенство во 1986 година беше примен во приватна клиника во Ла Плата, околу 40 километри јужно од Буенос Аирес.
На 30 октомври, Марадона наполни 60 години. Тој во моментов е тренер на аргентинскиот прволигаш Гимназијада и Есгрима. Минатата недела, Марадона беше изолиран по контакт со заразен со новиот коронавирус.