Не би го ангажирал Куман ни за економ, а камоли за тренер

Холандскиот фудбалски стручњак Роналд Куман кој летово беше ангажиран за тренер на шпанскиот гигант Барселона, по пристигнувањето на „Камп Ноу“ направи чистка во тимот. Сегашниот состав на Барселона ни од далеку не игра и бележи резултати какви му прилегаат на рејтингот и очекуваат неговите приврзаници. Куман ги откачи Суарез, Ракитиќ, Видал, Рафиња, Семедо…

Оние кои го познаваат потенцираат дека на Куман не му првпат да влече вакви потези. Куман истата работа ја направи кога стигна и во Валенсија каде веднаш отпиша неколку фудбалери. На овој период се сеќава и легендарниот Жоакин Санчез кој тогаш беше член на Валенсија, а викендов ќе се сретне со Куман како фудбалер на Бетис.

-Ако јас сум дел од раководството на Барса, не би го ангажирал Куман ни за економ, камоли за тренер. Ние двајца своевремено многу работи си кажавме еден на друг. Во сабота нема да го поздравам, нема ни тој мене. Ме тренираше во Валенсија и тоа беше најлошиот период во мојата кариера, изјави Жоакин.

Треба да знаете
Последни објави