Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска одговарајќи на пратенички прашања во Саборот изјави дека Владата нема„да падне во замката” на опозицијата, која се обидува да наметне воведување на полициски час и „заклучување”, за пороа да критикува дека се кршат човековите права.
– Бројките ни покажуваат дека имаме раст само од еден отсто, дека мерките даваат некакви ефекти, истакна Пленковиќ зборувајќи за новозаразените лица со Ковид-19.
Тој додаде дека и бројот на хоспитализирани и починати лица не значи дека е загрозен здравствениот систем на Хрватска.
Тој се осврна и на протестот на лекарите од Клиничката болница Дубрава во Загреб, истакнувајќи дека не гледа оти се нехумани условите во ковид болницата