Првиот британски државјанин за кој се верува дека се разболел од коронавирус кон крајот на минатата година е пронајден мртов во неговата соба на универзитетот Бенгор.
Студентот Конор Рид (26) се заразил со вирусот додека работел во училиште во Вухан, Кина, во ноември 2019 година. Тогаш тврдеше дека пиел загреан алкохол за да му помогне да ја победи болеста.
Welshman who was 'the first Brit to catch Covid-19' dies at university halls
Details: https://t.co/6E5Tedibyv#ConnorReed #Covid #Covid_19 #Corona #coronavirusuk #COVID__19 #covid19death #coronadeath pic.twitter.com/mDVIWwLSpK
— Now Trending Story (@trendingstory21) November 1, 2020
Неговата мајка откри дека Конор никогаш не ја надминал тешкотијата од заразата со коронавирус откако бил принуден да помине повеќе од 20 недели во „сурова“ изолација во Кина.
Смртта не се третира како сомнителна.
„Кратко по 22 часот, на 25 октомври, службата за итни случаи побара од полицијата во Северен Велс да интервенира во студентската соба во резиденцијалните сали на Универзитетот во Бенгор“, изјави портпаролот на полицијата во Северен Велс.
За жал, и покрај најголемите напори на пријателите и болничарите, 26-годишниот студент беше прогласен за мртов на таа локација – додаде тој во изјавата.