САД бираат претседател – неизвесно до крајот, иако анкетите покажуваат предност на Бајден

САД избираат претседател меѓу актуелниот републикански претседател, Доналд Трамп и демократот, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Исходот од изборите со нетрпение го чека целата планета, бидејќи тоа ќе и го отвори патот не само на Америка во следните четири години, туку и ќе влијае на идните светски настани. Рекордни над 95 милиони Американци веќе го искористија своето право на глас порано – лично или по пошта, што е околу 40 проценти од регистрираните да гласаат.

Гласачките места се отворени во 12 часот по средноевропско време во Вирџинија и Конектикат.

Ваквиот одговор на предвремено гласање е невидена промена, предизвикана пред се од загриженост за ширење на коронавирусот и интересот на граѓаните за изборите.

Иако според најновите анкети Бајден води убедливо, треба да се има предвид дека во 2016 година скоро ниту едно истражување не ја објави победата на Доналд Трамп, како и фактот дека, поради спецификите на американскиот изборен систем, тој победи најмногу во Изборниот колеџ, иако Хилари Клинтон освои три милиони повеќе гласови.

Истото се случи во 2000 година, кога Џорџ В. Буш доби 271 електорски глас, иако Ал Гор доби половина милион повеќе американски гласови.

Државите што имаат најголем број гласачи, како и таканаречените „колебливи“ држави и овој пат ќе бидат од клучно значење.

Повеќето Американци гласаат за претседател и Конгрес, но имињата на кандидатите за локалните избори ќе ги има и на гласачките ливчиња, така што гласачките ливчиња нема да бидат исти на сите места, иако имињата на Бајден и Трамп ќе бидат на сите.

Победникот на претседателските избори во Америка се одлучува преку комплексен систем во два чекора, каде што по гласањето на државно ниво, следува уште еден глас, во тело наречено Изборен колеџ.

Одделни држави имаат одреден број „избирачи“, засновано на бројот на жители, а избирачите го поддржуваат победникот на директното гласање, кое се објавува по пребројувањето на сите гласови.

Четиримесечниот изборен процес е резултат на компромис меѓу „основачите на нацијата“, кои не беа убедени дека на гласачите може да им се верува да го изберат вистинскиот водач и не сакаа да му дадат на Конгресот право на глас исклучиво.

Треба да знаете
Последни објави