Владата на вчерашната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид и хотелските ресторани за гостите кои се сместени во хотелите.
На седницата, беше донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21:00 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор, доколку немаат важни и неопходни потреби.
Владата донесе и препорака за граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица, кои не живеат во иста заедница.